Конкурс Млади репортери за животната средина

Како дел од националната и интернационалната мрежа на Млади репортери, а со цел да се заокружат активностите на младите репортери, проектната канцеларија на Програмата распишува конкурс за избор на најдобрите новинарски статии, фотографии и видеа.
Секој тим или ученик мора да одреди свој проект за истражување во кој ќе истражува одреден проблем од животната средина (мора да се одреди тема која ќе се истражува, активности кои ќе се спроведат и каква новинарска продукција ќе се користи). Оваа учебна година фокусот е ставен на 3 главни теми за истражување: мојот зелен град, национален и локален биодиверзитет и одржлив транспорт.

Повеќе информации и детали за натпреварот ќе најдете на следната електронска врска:
https://www.sendspace.com/file/p9fjs4

Advertisements

Реаултати од интернационалните натпревари од програмата Млади репортери и кампањата „Помалку отпад“

На наше големо задоволство ве информираме дека две ученички кои земаа учество во интренационалниот натпревар од кампањата „Помалку отпад“ и програмата Млади репортери освоија две втори места во категоријата најдобра фотографија.

Големо БРАВО за Тамара Михајловска ученик во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин, Скопје за освоено второ место во натпреварот од програмата Млади репортери за животната средина, како и за освоеното второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија на Анастасија Бојковска од средното училиште Наце Буѓони од Куманово.

Се заблагодаруваме на нивното активно учество и придонес кон подигнување на свеста на пошироката заедница на темата заштита на животната средина и намалување на отпадот.

Во прилог се нивните новинарски дела:

https://mladireporteri.files.wordpress.com/2014/05/tamara-mihajlovska_sou_rade-jovchevski_korchagin_skopje.pdf

https://mladireporteri.files.wordpress.com/2014/05/anastasija-bojkovska_sou_nace-bugoni_kumanovo.pdf

Оваа година, на двата интернационални натпревари учество земаа 155 новинарски дела од 22 земји.Победниците на двата натпревара беа избрани од страна на интернационална комисија составена од претставници од УНЕСКО, УНЕП, ФЕЕ, Associated Press.

Кампањата „Помалку отпад“ од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; истата се спроведе во Македонија, по втор пат и е наменета за средните училишта. Таа е поддржана од Компанијата Вригли и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) а ја спроведе Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.

Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

 

 

Врски

Драги ученици и наставници ментори,

Ве информираме дека на националниот конкурс од програмата Млади репортери за животната средина и кампањата „Помалку отпад“ 2014, се пријавија 38 средни училишта со вкупно 38 новинарски статии, 23 видеа и 71 фотографија. На линкот подоле можете да ги видите и официјалните резултати од двата натпревара.

Се заблагодаруваме за големиот интерес и активното учество на сите средношколци на двата натпревари. Голема благодарност на овие ученици за нивното залагање за подигнување на свеста на пошироката заедница за прашања од областа на животната средина. Им честитаме на учениците и нивните ментори кои ќе имаат можност да учествуваат на двата интернационални натпревари. Се гледаме следната година 🙂

Izvestuvanje od konkursot Mladi reporteri_Kampanja pomalku otpad_2014

На линковите подолу, можете да ги видите националните победници од двата натпревара.

Натпревар од програмата Млади репортери за животната средина:

Натпревар од кампањата „Помалку отпад“ 2014

Кампањата „Помалку отпад од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; истата се спроведува во Р.Македонија, по втор пат и е наменета за средните училишта. Таа е поддржана од Компанијата Вригли и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.

Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.